Достапни линкови

Хилари Клинтон со подршка на демонстрантите во Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази подршка за аспирациите на народот во Иран кој протестираше вчера во Техеран. Таа повика да се следи Египет како пример.
Во Техеран инаку вчера полицијата со солзавец ги растерувала демонстрантите за време на антивладините демонстрации.
Стотици Иранци излегоа на улиците, како одговар на повикот на опозицијата да присуствуваат на митингот, кој требаше да биде налик на протестите во Египет и Тунис, но властите го забранија протестот.
Освен во главниот град, протести имало и во други градови. Опозицијата посочи дека многу луѓе се уапсени.
XS
SM
MD
LG