Достапни линкови

Со солзавец растерани иранските демонстранти


Полицијата во Иран со солзавец ги растерувала демонстрантите за време на антивладините демонстрации во главниот град Техеран. Некои новински агенции објавуваат дека еден човек бил убиен за време на протестите. Стотици Иранци излегоа на улиците, како одговар на повикот на опозицијата да присуствуваат на митингот, кој требаше да биде налик на протестите во Египет и Тунис, но властите го забранија протестот. Освен во главниот град, протести имало и во други градови. Опозицијата посочи дека многу луѓе се уапсени поради учество на протестите.
XS
SM
MD
LG