Достапни линкови

За „Кале“ нема приведени


Приведени за вчерашниот инцидент на скопското Кале нема, но затоа дел од учесниците биле идентификувани, изјави денеска министерката за
Се работи за тактичка одлука, каде што на лицата веќе им е утврден идентитетот, значи тие се познати на полицијата и нивно дополнително задржување не би значело дополнителен прогрес на
државата.
внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа додаде дека е зголемено присуство на полицијата во средини каде што живее население од мешан етнички состав и направена е контрола при што е одземено оружје. За дирекното вмешување на заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи во ослободување на приведени учесници во инцидентот, Јанкулоска изјави дека станува збор
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска
за тактичка одлука.

„Практично се работи за тактичка одлука, каде што на лицата веќе им е утврден идентитетот, значи тие се познати на полицијата и нивно дополнително задржување не би значело дополнителен прогрес на државата.“

Таа додаде дека нема надлежноста да побара одговорност од заменик министерот Бучи.
Министерот за внатрешни работи нема надлежност да иницира промена на членови на Владата, сепак тоа е политичка одлука која не зависи од мене, така што ќе се воздржам од одговор на вашето прашање, претпоставувам ќе го поставите на вистинската адреса.

„Министерот за внатрешни работи нема надлежност да иницира промена на членови на Владата, сепак тоа е политичка одлука која не зависи од мене, така што ќе се воздржам од одговор на вашето прашање, претпоставувам ќе го поставите на вистинската адреса.“

Бучи изјави дека ќе поднесе оставка само доколку од него лично тоа го побара лидерот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи само пред него сноси одговорност за својата работа.

„Јас ќе поднесам оставка само ако тоа го бара Али Ахмети, претседателот на ДУИ. Бидејќи бев на лице место, а не во канцеларија, јас проценив дека е тоа нужно да се направи за да нема уште поголема ескалација.“


На разговор во министерството за надворешни работи била повикана холандската амбасадорка Симоне Филипини поради учеството на Артан Груби во демонстрациите, кој е вработен во амбасадата како политички советник.

Филипини изјави дека ќе преземе мерки доколку се утврди негова одговорност. По судирот меѓу приврзаниците и противниците на изградбата на музејот-црква на скопското Кале, следуват бројни реакции на политичарите со осуда за настанот.
Тоа е поразителен факт, премиерот и владата да се доведе во позиција, најмоќната институција, значи владата да се крие и навечер да гради. Оттука натаму веќе не е битно кому што одговара, не гледам дека од ова може да извлече полза ниту Груевски ниту Ахмети. Не се наивни граѓаните. Ова е срам за Македонија.

Опозициските партии предупредуваат дека власта си игра со оган и се става во улога на провокатор и реализатори на меѓуетнички тензии. Либерал-демократите стравуваат од радикализација на настаните додека албанските опозициски партии бараат ДУИ да претстане да ги жртвува младите Албанци за своите интереси.

Пратеникот од СДСМ Владо Бучковски вели дека премиерот Никола Груевски направи непотребна авантура која создава говорна омраза и повторно се повредени верските чуства на граѓаните.

„Тоа е поразителен факт, премиерот и владата да се доведе во позиција, најмоќната институција, значи Владата, да се крие и навечер да гради. Оттука натаму веќе не е битно кому што одговара, не гледам дека од ова може да извлече полза ниту Груевски ниту Ахмети. Не се наивни граѓаните. Ова е срам за Македонија.“

Се огласи и претседателот Ѓорге Иванов, кој апелираше родителите да поведат сметка за тоа каде одат нивите деца.

„Меѓутоа, загрижува што на овој настан видовме многу малолетни деца и ова е апел да не дозволуваме такви настани да ни се случуваат, затоа што кога кај нас ќе се најават избори политичката сцена зоврива“, изјави претседателот Иванов.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG