Достапни линкови

Заменик министерот Бучи ќе даде оставка само ако побара Ахмети


Инцидентот на Кале

Инцидентот на Кале

Заменик министерот за внатрешни работи Џевад Бучи денеска изјави дека ќе поднесе оставка само доколку тоа го побара лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според Бучи тој само пред Ахмети сноси одговорност за неговата работа. Тој смета дека како заменик министер имал ингеренции да се вмеша во инцидентот на Кале, каде интервенирал на еден од учесниците да му бидат извадени лисиците. Бучи додаде дека на Кале бил за да ја смири ситуацијата за да не ескалира.
XS
SM
MD
LG