Достапни линкови

Демонстрантите се вратија на плоштадот Тахрир во Каиро


Демонстрантите со портрети на тие што исчезнале на протестите на плоштадот Тахрир

Демонстрантите со портрети на тие што исчезнале на протестите на плоштадот Тахрир

Египетските жители се вратија на плоштадот Тахрир во Каиро, по неколку часа откако војската и полицијата ги растераа последните продемократски активисти од регионот. Стотина полицајци наведувајќи дека сакале да покажат солидарност со револуцијата се собраа на плоштадот, на кој траеа 18 дневни протести против режимот на претседателот Хосни Мубарак. Протести има и пред државните институции. Илјадници работници се собраа пред филијала на банка во Каиро, а најмалу 500 луѓе демонстрираа за поголема плата пред зградата на националната телевизија.
XS
SM
MD
LG