Достапни линкови

Серија апсења на битолската полиција


Илустрација

Илустрација

Деновите битолската полиција во еден ден спроведе серија апсења на седуммина битолчани кои се товарат за различни кривични дела.

Станува збор за сериозни сомневања за соработка со Франкфуртската мафија, стопански криминал, па се до кражби на радио апарати од автомобили. Битолската јавност посебно беше вознемирена од веста дека и битолчанец е уапсен поради сомневања за вмешаност во Франкфуртската мафија, која според полициски извори се занимава со трговија на наркотици и перење на пари во Австрија и Германија.
Истиот ден имаше и спектакуларно апсење на двајца директори. Едниот на некогаш реномираната градежна фирма „Бетон“, која денес е во стечај, а стотина работници останаа без работа, а другиот од сестринската фирма „Бетон 5“ каде против правно завршиле парите од услугите на првата компанија. Директорите се товарат дека ја злоупотребиле службената
Иако знаеле дека „Бетон“ е неспособен за плаќање и има блокирана жиро сметка со што настанал услов за отворање стечајна постапка, истите вршеле исплати на парични средства –дотации по пат на цесии и асигнации.
положба.

„Иако знаеле дека „Бетон“ е неспособен за плаќање и има блокирана жиро сметка со што настанал услов за отворање стечајна постапка, истите вршеле исплати на парични средства – дотации по пат на цесии и асигнации. Првичната цел за формирањето на „Бетон 5“ била побарувањата од РЕК што ги имал „Бетон“ да се наплаќаат со договори за цесии, а паричните средства да пристигнуваат директно на сметките на „Бетон 5“. Така сите купувачи на „Бетон“ наместо да плаќаат на сметката на фирмата, тоа го правеле на сметката на „Бетон 5“. Цесиите се правале така што „Бетон“ испраќал фактури за извршени услуги, кон должниците, а истовремено фактури испраќал и „Бетон 5“, од кои фактури и на градежната фирма со што фиктивно ја задолжувал“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на битолската полиција.

Притворена е и група од четворица битолчани која неколку месеци оперирала низ градските улици и извршила 13 кражби на ЦД-плеери, радио станици, таксимери од возила. Серијата апсења се случува во период кога битолската полиција е на прагот пред нов избор за началник.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG