Достапни линкови

Протести во Иран за подршка на Тунис и Египет


Претходните протести во Техеран за подршка на демонстрантите во Египет

Претходните протести во Техеран за подршка на демонстрантите во Египет

Иранските безбедносни сили денеска го блокирале маршот на стотици демонстранти кои оделе накај плоштадот во Техеран за подршка на случувањата во Египет и Тунис. Според сведоците демонстрантите марширале кон плоштадот Азади, кој е традиционално собирна точка за одржување на протести. Протести имало и во други клучни места низ главниот град.
Радио Фарда соопшти дека имало судири во близина на плоштадот Енгхелаб во центарот на Техеран, каде безбедносните сили употребиле палки за да ги растераат демонстрантите.
XS
SM
MD
LG