Достапни линкови

Притисок врз судијата за пресуда на рускиот бизнисмен Ходорковски


Нафтениот магнат Михаил Ходорковски на судењето

Нафтениот магнат Михаил Ходорковски на судењето

Асистентот на московскиот судија кој го осуди Михаел Ходорковски изјави дека судијата имал притисок да го прогласи обвинетиот за виновен и да му додели затворска казна. Судијата Виктор Данилкин во декември одлучи дека Ходорковски, поранешниот шеф на нафтената компанија Јукос е виновен за перење пари и ја продложи неговата затворска казна до 2017 година.
Данилкин ги негираше наводите на неговата асистенка Наталија Василиева. Подржувачите на Ходорковски соопштија дека тој бил казнет, бидејќи му се противел на премиерот Владимир Путин, кој пред пресудата изјави дека Ходорковски треба да остане во затвор.
XS
SM
MD
LG