Достапни линкови

Предизвикани меѓуетнички тензии


Од случувањата на скопското Кале

Од случувањата на скопското Кале

Јавноста преокупирана со темата „Црква на Кале“ заборави на економските проблеми, а власта преку настанот покажа „принуденост“ за предвремени избори, сметаат експертите.

Нарушување на меѓуетничките односи е сценарио во кое со помош на национална карта лесно може да се запали јавноста и да ги натера граѓаните да заборават на празниот стомак. Вака дел од аналитичарите го коментираат вчерашниот инцидент на скопското Кале при кој осум луѓе беа полесно повредени. Од Министерството за внатрешни работи се уште нема
Мислам дека овие ,,туркања" се околу тоа, да излезе дека ДУИ е приморан да излезе од коалицијата и дека на таков начин сакаат да ја оправдаат одлуката за вонредни избори.
информација дали има приведени, иако вчера речиси сите медиуми објавија снимки на кои се гледа дека полицијата апсеше. На протестите присутвуваа и дел од пратениците на ДУИ како и заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи. Според учесниците во демонстрациите кои завршија со каменување, причина за инцидентот е изградбата на музејот Црква на Кале.

Аналитичарите велат дека е очекувано ваквото сценарио со заострување на меѓуетничките односи околу изградба на нешто што во овој момент и не е толку важно.


Политикологот Хисен Рамадани смета дека целата провокација оди во корист на политичарите и на кревање на рејтингот на партиите на сметка на национализам. Тој вели дека туркањето околу изградба на објектот и
На политиката и одговора сега тоа да го предизвика за да се задскрива или покрива и да го натера човекот да заборави на такви нешта, на егзистенцијалното прашање.
вчерашниот инцидент ќе и помогне на владечката коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да покажат дека се принудени да одат на предвремени избори.

„Евентуално ако дојде до предвремени избори причината ќе биде, да не биде дека таа била принудена тоа да го направи заради СДСМ, туку заради тоа што ДУИ не сака да остане во влада. Мислам дека овие „туркања“ се околу тоа, да излезе дека ДУИ е приморан да излезе од коалицијата и дека на таков начин сакаат да ја оправдаат одлуката за вонредни избори.“

Тој додава дека се неизбежни вонредни избори и дека во ситуација кога граѓаните имаат многу поголеми економски проблеми, со вакви сценарија лесно се затскриваат тие проблеми.

„Причина за тоа зошто е таква состојбата, на политиката и одговора сега тоа да го предизвика за да се задскрива или покрива и да го натера човекот да заборави на такви нешта, на егзистенцијалното прашање и за да го покрие неуспехот на политиката во смисла на економски раст, што всушност цело ова време беше цел на владата.“
Како можат луѓе кои седат во власта како коалициони партнери, да не се договорат за вакви работи?


Професорката Мирјана Малевска вели дека во мултиетничка држава не треба да се градат објекти кои ќе ги иритираат граѓаните.

„Како можат луѓе кои седат во власта како коалициони партнери, да не се договорат за вакви работи? Ова не се најкомплицираните работи на светот што ќе градиме на Калето. Како е можно тоа? Коалиција подразбира споделување на одлуките и одговорноста за одлуките.“

Малевска додава дека треба да се осуди учеството на функционери во демонстрации.

Од владејачката коалиција вчера преку заедничко соопштение порачаа дека дека ваквите чувствителни работи треба и може да се решат само преку отворен политички дијалог и во институциите на системот.

Опозицискиот СДСМ, пак, побара оставки и одговорност од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и од нејзиниот заменик Џеват Бучи.

На вчерашната тепачка и претходеше и уште еден инцидент пред неколку дена. Откако беше ветено дека ќе се замрзне изградбата на објектот, работници навечер беа донесени за да продолжат со градењето, по што подоцна стотина жители од околината на Калето уриваа делови од црквата музеј.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG