Достапни линкови

Ваши коментари


Меѓунационалниот инцидент што се случи на скопското Кале поради контроверзната црква, најмногу коментирана тема на нашиот веб сајт.

Дека лебот повторно поскапе никого не го засега - барем ако се суди по молкот за таа информација од страна на слушателите или редовните пишувачи на коментари на нашата веб-страница. Но, затоа, меѓунационалниот инцидент што се случи во неделата пополадне на скопското Кале поради контроверзната црква - веднаш испровоцира коментари.

Иако, за љубов на вистината, коментарите се повеќе одговори на ставовите на редовниот пишувач на пораки, Миле од Охрид, кој редовно и
И' покажавте на Македонија што можете да направите, доколку не се прифатат грчките шовинистички
уцени.
постојано има негативно мислење за домашните медиуми, меѓу нив и за Радио Слободна Европа. Имено, тој и овојпат смета дека, како што пишува, „и' покажавте на Македонија што можете да направите, доколку не се прифатат грчките шовинистички уцени“. За Миле од Охрид, гушењето на слободата на медиумите, немањето политички консензус и лошите меѓунационални и меѓуверски односи во државава - се фикција.

Инцидент на Кале

Затоа, пак, наш слушател потпишан со Ајјајјај од Кале го прашува Милета дали има малку ум и дали има профил на Фејсбук па да види како Грците ги терале младите платеници на неговото ВМРО да пишуваат во нацистички стил. Со иронија забележува дека ВМРО на Гоце и на Даме не фрлало фашистички клетви како Миле и
Кодот на Миле - Македонските анѓели и грчките демони.
неговите. Сево ова е масло на Грујо и на братучедите, вака ќе ве држат во страв од Албанци и ќе ве молзат, коментира Ајјајај и му препорачува на Миле и да не пишува за НАТО и за ЕУ, затоа што, вели, таму такви примитивци секогаш се во малцинство.

Александар го номинира Милета за прва награда од областа на белетристиката и пишува дека ниту Ден Браун не му бил рамен со коментарите од кои ќе излезел бестселер со наслов: „Кодот на Миле - Македонските анѓели и грчките демони“.

На нашиот текст дека Груевски не прифаќа критики, слушател потпишан како Хорхе од Валандово пишува дека Груевски е манипулант кој ја води Македонија во пропаст. А и тој го жали Милета од Охрид порачувајќи му дека, како што пишува, „ајдуци си играат и го користат твојот патриотизам“. Ај за Миле и така и така, ама сирота Македонија со толку лекомислени за стрижење целата ќе биде во очај, завршува Хорхе.

Подгор од Полог смета дека од спорот со Грција единствено има корист Груевски и оти кога би бил решен спорот ќе излезеле на виделина сите други проблеми што сега вешто се затскриваат. Подгор се плаши дека народот што се фатил на јадицата „Името не го даваме“, може на крај да ја даде државата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG