Достапни линкови

Надеж за решение на името?


Името, слободата на медиумите, владеење на правото... дел од темите што ќе бидат отворени во Вашингтон
Името, слободата на медиумите, владеење на правото... дел од темите што ќе бидат отворени во Вашингтон

Посетата на Груевски на САД добива нова тежина во услови на раштимана влада и загрижено општество.

Упатените прогнозираат дека ова прашање ќе биде едно главно на агендата на Груевски со високи претставници на американската администрација. Спорот со името негативно се одразува на состојбата во земјава и нејзината иднина и токму затоа Вашингтон ќе притисне истото што побрзо да се реши, вели лидерот на НСДП, Тито Петковски:
САД нема да бидат рамнодушни кон она што се случува на Балканот, oсобено во Македонија, и силно ќе побараат она што Груевски го вети 2008 година на своите граѓани и да го исполни.


„САД нема да бидат рамнодушни кон она што се случува на Балканот, oсобено во Македонија, и силно ќе побараат она што Груевски го вети 2008 година на своите граѓани и да го исполни.“

Со сличен став околу ова прашање и Рафиз Алити од Демократската унија за интеграции.

„Решавањето на овој спор ќе рефлектира внатре во држата, во економска смисла, па и врз некои случувања што се случуваат кај нас.“

Средба Никола Груевски - Томас Кантримен во македонската влада на 10 февруари

Но, и покрај најавите во некои медиуми дека Груевски во Соединетите Држави оди за да се изјасни за тоа кое решение е прифатливо за македонската страна, дел од домашната експертска јавноста смета дека во овој момент посетата добива поинаква тежина. Професорката Билјана Ванковска се сомнева дека евентуалниот притисок однадвор би ја влошило чувствителната политичка ситуација во државата.
Ние не сме уште свесни што е тоа невладин сектор, што е тоа владеење на право, кое ја функцијата на владата и владините министри, за да зборуваме дека само името ни е
проблем.


„Добива тежина во светлина на она што се случуваше деновиве, значи на една тотално раштимана влада, на едно општество кое е длабоко загрижено од она што се случува. Ние не сме уште свесни што е тоа невладин сектор, што е тоа владеење на право, која е функцијата на владата и владините министри, за да зборуваме дека само името ни е проблем.“

Според професорот Назми Малиќи, пак, приближувањето на ставовите на двете страни во спорот е особено значајно за подобрување на внатрешните проблеми во земјата.
За мене нема никаква дилема, ова е позиционирање на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ пред избори.


„Ако се случи тоа, тоа ќе биде еден добар чекор за внатрешна кохезија на политичките сили и актери консензуално да го разрешат.“

Упатените велат дека политичката ситуација во земјава оди во прилог на тоа Груевски да распише предвремени избори.

„За мене нема никаква дилема, ова е позиционирање на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ пред избори“, вели Петковски.

„Секакви избори за премиерот ќе бидат позитивни“, изјави Малиќи.

Покрај прашањето за името, за време на посетата на Груевски во Соединетите Држави, ќе бидат отворени и прашања како што се слободата на медиумите и владеењето на правото, теми што при посетата на Скопје пред неколку дена, ги најави американскиот помошник државен сектретар Томас Кантримен.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG