Достапни линкови

Турција посредник во преговорите за иранската нуклеарна програма?


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат, по разговорите со претседателот на Турција Абдула Ѓул во Техеран, изјави дека би сакал да бидат отстранети сите трговски бариери меѓу двете земји. Ахмадинеџат додаде дека Иран и е благодарен на Турција за подршката во врска со нуклеарната програма и се заложи Анкара да биде посредник во преговорите со големите сили. Инаку, Ѓул во три-дневната посета на Иран е придружуван од 100-тина турски бизнисмени.
XS
SM
MD
LG