Достапни линкови

Претседателот на Jемен ја одложи посетата на САД


од протестите во Јемен

од протестите во Јемен

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех ја одложи планираната посета на Соединетите американски држави поради протести во неговата земја. Државната новинска агенција „Саба“ јави дека одлагањето се должи на „моменталните настани во регионот“. Во неделата полицијата во Јемен се соочи со илјадници демонстранти кои протестираа барајки политички реформи и оставка на претседателот Салех. Протестите избија откако народот во Јемен се собра во петокот за да го прослави отстапувањето од функцијата на египетскиот претседател Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG