Достапни линкови

Судење на обвинет лидер на терористичка група во Индонезија


Абу Бакир Башир, обвинетиот лидер на забранетата исламска милитантна група „Џема Исламиах“ денеска повторно застана пред судот, соочен со обвиненија за тероризам. Обвинителот Анди Мухамад Тауфик ги презентираше обвиненијата пред судот во Јужна Џакарта: дека Башир планирал да користи оружје за терористички акти. Седумдесет и две годишниот обвинет дополнително се товари за финансирање на камп за обука на исламистичките милитанти. За вакви обвиненија може да се пресуди и смртна казна.
XS
SM
MD
LG