Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара одговорност од надлежните за инцидентот на Кале


Потпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ

Потпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ

СДСМ денеска побара од премиерот Никола Груевски да ги разреши од функциите министерката и заменик-министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Џевад Бучи, поради инцидентот на скопско Кале. Според опозицијата тие не си ја завршиле работата и не презеле мерки за спречување на инцидентот.
Потпаролот на партијата Емилијан Станоковиќ изјави дека Бучи бил учесник и во рушењето на музејот црква и во денешните протести.
СДСМ бара смена и на Паско Кузман од директорското место во Управата за заштита на културното наследство.
Владејчката коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го осудија инцидентот и повикаа на смирување на страстите.
XS
SM
MD
LG