Достапни линкови

logo-print

Швајцарците гласаа да го задржат оружјето во домовите


Повеќе од половина од швајцарските гласачи денеска се изјасниле против новиот предлог закон за забрана на поседување на пушки во домовите и воведување на нови услови при купувањето на оружје.
Со предлог законот ќе се стави крај на традицијата во Швајцарија, каде мажите го чуваат своето оружје во нивните домови и по извршувањето на воената должност. Според подржувачите на законот, тој ќе го намали домашното насилство и големиот процент на самоубиства во земјата.
XS
SM
MD
LG