Достапни линкови

logo-print

Седуммина повредени на скопското Кале, премиерот реагираше


Skopje - macedonia - incident on the Kale fort

Skopje - macedonia - incident on the Kale fort

Седум лица се повредени, од кои еден полицаец во инцидентот што се случи попладнево на скопското Кале, јави државната новинска агенција. Од повредените еден е задржан во болница, а останатите се пуштени на домашно лекување. Инцидентот, според очевидци се случил кога дошло до тепачка и фрлање со камења меѓу две групи кои се собрале на Калето. Едната група дошла на Калето за да ја брани изградбата на црквата - музеј, а другата била против тоа. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Скопје, меѓу повредените има и едно дете. Неофицијално се дознава дека еден од повредените бил прободен со нож.

Премиерот Никола Груевски од Прилеп го осуди насилството на скопската тврдина. Секое насилство независно од чија страна доаѓа мора да се осуди и да се повикаат институциите да ги разрешат прашањата кои што се поврзани со насилствата, рече Груевски и додаде:

„Aпелирам до сите дека не смеат ваквите настани да ги користат во партиско политички цели. Ние нема да дозволиме некој од вакви настани да си поигрува со чувствата на граѓаните и да ги користи во некакви приватни интереси и ќе направиме се што е во наша моќ работите да ја добијат својата нормална динамика.“

Од Министерството за внатрешни работи реагираа со официјално соопштение, објавено на нивната официјална интернет страница.

„На повреди од каменувањето досега се пожалиле двајца полициски службеници, а од градската општа болница е добиено известување дека кај нив е укажана помош на уште шест лица на возраст од 13 до 24 години кои се пожалиле на повреди. Полициски патроли сеуште ја обезбедуваат околината, а наредните денови врз основа на снимените материјали ќе бидат повикувани учесниците во инцидентот“ се наведува во соопштението од МВР .



XS
SM
MD
LG