Достапни линкови

Министерот за надворешни работи на Тунис поднесе оставка


Протестите во Тунис

Протестите во Тунис

Тунискиот министер за надворешни работи Ахмед Оунаис поднел оставка, соопшти државната новинска агенција. Голем дел од жителите на Тунис во минатата недела го критикуваа Оунаис, поради комплиментот кој и го упати на неговата француска колешка Мишел Алиот Мари. Опонетите на Оунаис сметаат дека француската министерка е блиска со соборените туниски власти.
Масовните анти-владини протести во Тунис го принудија претседателот Зине Ал Абидине Бен Али да поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG