Достапни линкови

logo-print

Седуммина повредени на скопското Кале, еден потешко


од денешниот инцидент

од денешниот инцидент

Според првични непотврдени информации, во денешната тепачка на скопското Кале има седуммина повредени, меѓу кои еден тешко, со убодни рани од нож. Нашиот дописник од Скопје јавува дека меѓу повредените има и едно дете кое било удрено со камен. Во денешниот инцидент се судрија двете групи кои протестираа за и против изградбата на музејот-црква на тврдината. Полицијата привела некои од демонстрантите. Протестите на Кале се организирани од неформални групи на Фејсбук и од албанската организација „Разбуди се“. Стотина луѓе пред некој ден урнаа дел од музејот- црква, откако повторно беше започната неговата изградба.




XS
SM
MD
LG