Достапни линкови

Канцеларија на обвинителството за медиуми и култура во Иран


Постерот за утрешните протести на опозицијата

Постерот за утрешните протести на опозицијата

Иранските власти воспоставиле специјална канцеларија на обвинителството за оние кои во медиумите и на културно поле ги прекршуваат исламските кодови на однесување во земјата, соопшти новинската агенција ИРНА. Објавата доаѓа откако властите ја зголемија безбедноста пред утрешните протести на опозицијата за солидарност со случувањата во Египет и Тунис. Иранските власти го одбија барањето на опозицијата за одржување на протестите. Опозиционите веб страни ги повикаа граѓаните сепак да учествуваат на протестите.
XS
SM
MD
LG