Достапни линкови

Протести на жените во Италија


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони

Жените во Италија денеска протестираат во неколку градови, против како што организаторите го нарекоа „насилен презир кон жените“ во земјата. Актерката Франческа Коменчини која, е една од организаторите, изјави дека протестот е и против премиерот Силвио Берлускони, чии забелешки за жените се дел од проблемот.
Италијанскиот лидер е познат по неговите афери и наводни обвинувања дека имал сексуален однос со малолетничка. Активистките напишале и манифест насловен „Ако не сега, кога“. Тој бил потпишан од повеќе од 50 илјади жени за една недела.
XS
SM
MD
LG