Достапни линкови

Ослободени двајца десиденти во Куба


Кубанските власти соопштија дека двајца десиденти биле ослободени од затвор. Хектор Маседа и Ангел Моја беа меѓу 52 затворени десиденти, кои претседателот Раул Кастро вети дека ќе бидат пуштени на слобода во договор постигнат со посредство на Римокатоличката црква.
Голем дел од нив биле ослободени, откако се согласиле на егзил во Шпанија, додека останатите одбиле да заминат од Куба. Маседа и Моја одбиле да го напуштат затворот се додека не бидат ослободени и другите политички затвореници.
XS
SM
MD
LG