Достапни линкови

Анти-владини протести во Алжир и Јемен


Алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика

Алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика

Во Алжир денеска се одржуваат анти-владините демонстрации и покрај забраната од властите. Според извештаите имало инциденти меѓу демонстрантите и полицијата, која се обидела да ги спречи неовластените протести против режимот на претседателот Абделазиз Боутефлика, кој е на власт од 1999 година.
Во главниот град на Јемен неколку илјади луѓе протестираат за оставка на претседателот Али Абдалах Салех.
Протестите во двете земји се инспирирани од случувањата во Египет и оставката на претседателот Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG