Достапни линкови

logo-print

Кина и Русија загрижени за Египет по оставката на Мубарак


Прославата на плоштадот Тахрир во Каиро по оставката на претседателот Хосни Мубарак

Прославата на плоштадот Тахрир во Каиро по оставката на претседателот Хосни Мубарак

Западните лидери го поздравија падот на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Кина и Русија изразија загриежност за стабилноста во најмногубројните арпаски нации. Кинеските медиуми остапија мал простор за демонстрациите поради кои Мубарак поднесе оставка. Еден весник објави дека политичките промени во Египет ќе бидат безначајни доколку земјата западне во хаос. Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска го повика Египет да спроведе легитимни избори и да ги почитува религиозните групи.
Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се бара граѓаните на Египет да не полегнуваат на насилство за време на транзициониот период и предупредува на надворешно мешање во земјата.
XS
SM
MD
LG