Достапни линкови

Револуционерниот дух се шири низ арапскиот свет


Оставката на египетскиот претседател Хосни Мубарак и претходно на претседателот на Тунис Бен Али, во арапскиот свет ги поттикна опозиционите групи за покренување слични акции. Опозицијата во Бахреин повика на улични демонстрации во понеделник против дискриминацијата на малцинските шиити. Во Кувајт, државната агенција јави дека властите забраниле какви било собирања по петочните молитви. Неделава, јорданската влада вети политички реформи, а дури и во Саудиска Арабија за која се смета дека има нај-апсолутистичка владејачка династија, опозициони групи побарале да им биде одобрено да формираат политичка партија.
XS
SM
MD
LG