Достапни линкови

Пари има, проекти нема


Финансии од европските фондови и стојат на располагање, но потребни се добро подготвени проекти

Финансии од европските фондови и стојат на располагање, но потребни се добро подготвени проекти

Македонија беше подготвена да аплицира за пари од предпристапните фондови, но сега нема план како да ги инвестира, констатираат упатените.

Недостатокот на административни капацитети дополнително го отежнува имплементирањето на проекти за, популарно кажано, европеизација на Македонија. Земјата се задолжува преку ИПА програмата за да ја плати чланарината потребна за пристап кон фондовите. Тоа би требало да се исплати со проекти наменети за модернизирање на општеството по европски терк. Јорданка Аризанкова од Стопанската Комора вели дека чланарината за само дел од претпристапните програми чини милион евра годишно, а тие пари треба да се вратат.

„За двете програми Македонија плаќа некаде околу еден и пол милион евра за да наши компании и институции да имаат пристап до програмите, а од друга страна вообичаено е сите европски земји, сите плаќаат членарина во рамки на програмите меѓутоа таа членарина треба барем десет пати да се
За двете програми Македонија плаќа некаде околу еден и пол милион евра за да наши компании и институции да имаат пристап до програмите, а од друга страна вообичаено е сите европски земји, сите плаќаат членарина во рамки на програмите меѓутоа таа членарина треба барем десет пати да се врати назад, во рамки на проекти.
врати назад, во рамки на проекти. Значи ако сме платиле еден милион евра, треба да се вратат барем 10 милиони евра во рамки на проекти што ќе бидат искористени од страна на наши компании или институции.“

Последни во регионот

Проекти нема, велат упатените. Повикувајќи се на за сега неофицијализирани проценки, експертите констатираат дека во поглед на користењето на европските пари, често сме биле после Србија и Босна и Херцеговина. Зошто земјава веќе со години има проблеми со поактивно повлекување на 500 милиони евра наменети за развој на општеството и спроведување на реформи? Судејќи по објаснувањата на познавачите, одговорот на ова прашање не е едноставен. Во јавноста најчесто се зборува за ИПА програмата, која е наменета за „европеизација“ на целото општество. За оваа програма немаме план како да ги потрошиме парите, вели Наташа Јованова од Македонскиот центар за европско образование:


„Значи, Национален развоен план којшто треба потоа да биде база за програмирања на пооделните програми од каде што на крајот треба да произлезат и конкретните проекти, не постои. Ние имавме еден развоен план, но кога се смени власта и дојде новата влада, донесе своја програма и сметаше дека во Националниот развоен план не е содржана нивната програма, па се измени тој Национален развоен план меѓутоа поради критиките се повлече и сега фактички ние немаме никаков развоен план.“

Плаќаме членарина за европските пари, а не ги користиме


Дали сево ова значи дека Македонија се обврзува со милиони евра чланарина за да го искористи за правото да ги повлече европските пари, а нема план како тоа ќе го стори? Јованова појаснува:

„За да можете вие и за да може ЕК да ви помогне во планирањето и во проектирањето мора да има од каде да тргне, мора да знае кои се потребите на земјата, како ќе се развиваат пооделните политики, што сака да направи земјата, каде сака да оди, тој базичен документ нам во моментот ни
За да можете вие и за да може ЕК да ви помогне во планирањето и во проектирањето мора да има од каде да тргне, мора да знае кои се потребите на земјата, како ќе се развиваат пооделните политики, што сака да направи земјата, каде сака да оди, тој базичен документ нас во моментот ни недостасува.
недостасува.“

Познавачите неретко посочуваат дека земјава нема доволно добри административни капацитети за да ги „програмира“ популарно именуваните „европски средства“.
Професорот Никола Поповски вели дека администрацијата е неука:

„Еден од најголемите проблеми во македонското општество е дека нашата администрација се уште е толку неука за користење на ИПА фондовите што повеќе ги користиме инцидентно отколку редовно, меѓутоа ако ни е некаква утеха тоа не е некаква привилегија само на Македонија, сличен статус имаат и Турција, па дури и Хрватска.“

Неуката администрација?

Стои фактот дека државата е најголем работодавач во Македонија, па оттука можеби не би било погрешно ако се констатира дека преполните административни згради „држат“ вработени кои земаат плата од народот, а за сега не успеваат во целост да ги повлечат парите за европеизација на државава. Дали недостатокот на административни капацитети, го создава проблемот? Јованова од Македонскиот центар за европско образование одговара:

„Точно констатирате кога велите дека недостатокот на административни капацитети е веројатно главната вина зошто е толку низок степенот на искористеност на средства кои што ни се располагање од ИПА програмата.“

Европската програма за конкурентност и иновации попозната како ЦИП, чиј главен корисник би требало да биде приватниот сектор исто така е слабо
Последните неколку години направивме анализи што е она што им недостасува на компаниите и навистина тие пари не се користат и досега можеме да кажеме дека искористеноста од страна на компаниите на овие европски програми е еднакво скоро
на нула.
искористена. Јорданка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија вели дека стопанствениците слабо повлекуваат пари од оваа програма:

„Последните неколку години направивме анализи што е она што им недостасува на компаниите и навистина тие пари не се користат и досега можеме да кажеме дека искористеноста од страна на компаниите на овие европски програми е еднакво скоро на нула, значи речиси и да немаме компанија која успеала да добие проект во рамки на европските програми и да искористи дел од тие грантови.“

Дополнително се поставува прашањето дали овие пари се соодветни за стопанството во неговата сегашна состојба? Имајќи предвид дека кризата видно го загрози опстанокот на многу приватни субјекти во земјава, многу од кои се жалеа на високи казни од државата, останува спорно дали може да се очекува иновација од претпријатија кои имаат примарна цел да преживеат? Аризанковска појаснува дека и за проектите за иновација, претпријатијата мора да инвестираат сопствени пари.


„Без претходно обезбедени финансии од страна на компаниите, значи дополнителни во рамки на овие микрокредити, други кредити, или сопствени средства, без да го докажат тоа, компаниите нема да можат да ги добијат проектите. Значи треба Комисијата да биде сигурна дека компанијата ќе учествува со свој дел, дека ќе го кофинансира проектот со свој дел.“

Што ако постои интерес? Универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека за стопанствениците потребни се дополнителни обуки со цел да создаваат конкуретнио проекти, преку кои би се повлекле пари од предпристапните фондови:

„Сметам дека треба да се направат повеќе напори и во рамки на самите претпријатија да подготват специјални служби, луѓе кои ќе се подготват, обучат за да подготват добри проекти. Од друга страна потребно е во рамки на институциите кои што се во функција на стопанствениците како што се Стопанските комори, здруженијата, дури и некои посебни агенции, кои што ќе бидат во интерес на помагање.“
Сметам дека треба да се направат повеќе напори и во рамки на самите претпријатија да подготват специјални служби, луѓе кои ќе се подготват, обучат за да подготват добри проекти. Од друга страна потребно е во рамки на институциите кои што се во функција на стопанствениците како што се Стопанските комори, здруженијата, дури и некои посебни агенции, кои што ќе бидат во интерес на помагање.


Европа не може парите да им ги дава на рака на крајните корисници, што значи дека за парите да се најдат во стопанството, потребно е да се пласираат со посредство на институција. Македонската банка за подршка на развојот „доби амин“ од државата директно да кредитира, но се шпекулира дека институцијата се уште не е докапитализирана, имено дека нема доволно пари. Доколку претпоставката е точна, се поставува прашањето како ќе може оваа институција да ги пласира финансиските инструменти од ЦИП инструментот до стопанството, без докапитализација?

Власта најави поинтензивно користење на фондовите од програмата за рурален развој ИПАРД.
Што мислат за тоа стопанствениците? Јован Дабевски, претставник од млечната индустрија, вели дека евентуалните кредити би можеле да се искористат за подршка на растот на фармерството:


„Има веќе најави и промени во делот каде што може да се учествува со проекти за нови штали, нови грла, молзилишта итн.“

Сепак, барем за млекарите, купувањето на нова опрема за преработувачката индустрија не е најповолната опција, смета Дабевски:

„Ако една опрема чини 250 илјади евра, во таков случај би ги имале 100 евра повратни средства и би не чинел нешто над 100 илјади, истиот може да се
Ние за жал досега не успеавме доста од тие средства да искористиме, во некои поглавја и покажавме дека не само незадоволителни резултати туку имаше и проблеми со распределбата на тие средства, се покренаа и некои постапки.
најде како втора рака, употребен, но тој не ја губи вредноста за 20-тина илјади евра.“

Претпристапните фондови, барем формално, се достапни и за невладиниот сектор. Програмскиот менаџер на Македонскиот институт за медиуми Петрит Сарачини вели дека и тука искористеноста е скромна:

„Ние за жал досега не успеавме доста од тие средства да искористиме, во некои поглавја и покажавме дека не само незадоволителни резултати туку имаше и проблеми со распределбата на тие средства, се покренаа и некои постапки. Некои поглавја и воопшто не се отворени, а требаше да бидат, како помошта преку ИПА за развој во сферата на медиумите.“

За 2010-та година, на располагање на Македонија и беа 91,6 милиони евра. Годинава се предвидени 98 милиони, за наредната година 105 и за 2013-та 117,2 милиони евра. Овие средства се наменети за петте компоненти од ИПА инстрментот, односно за регионален развој, прекугранична соработка, рурален развој, градење на административни капацитети и институции и за развој на човечки ресурси. Ако Mакедонија не ги искористи парите, ќе ги изгуби.
XS
SM
MD
LG