Достапни линкови

logo-print

Тачи обезбедни подршка за коалициона влада на Косово


Хашим Тачи кој е задолжен за формирање на новата косовска влада денеска изјави дека обезбедил доволна поддршка за да состави коалициска влада, два месеци по општите избори.
- Обезбедивме неопходно мнозинство за да формираме нови институции, изјави Тачи на прес-конференцијата по средбата со заменикот-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Томас Кантримен, кој е во посета на Приштина.
Тачи изјави дека неговата партија ќе коалицира со Алијансата за ново Косово, листата „Ибрахим Ругова“ и партиите на етничките малцинства.
Партиите кои се најдоа на втората, третата и четвртата позиција истакнаа дека нема да коалицираат со Тачи, обвинувајќи го за високото ниво на криминал и корупција, за лошата економија и останатите проблеми.
XS
SM
MD
LG