Достапни линкови

Хосни Мубарак поднесе оставка како Претседател на Египет


Претседателот Хосни Мубарак денеска поднесе оставка, беше соопштено предмалку преку државната телевизија. Илјадници демонстранти слават на плоштадот Тахрир во Kairo. Се јавува дека Претседателот Хосни Мубарак го напуштил главниот град..
Според Ал Арабија, Мубарак заминал за Шарм ел Шеик.
Илјадници демонстранти во Каиро инаку денеска ја опколија Претседателската палата и државната телевизија незадоволни што Мубарак не поднесе оставка синоќа како што се очекуваше. Армијата на Египет вети и фер избори, но не објави кога.
XS
SM
MD
LG