Достапни линкови

Хосни Мубарак го напуштил Каиро?


Илјадници демонстранти се собираат на клучни позиции во Каиро додека се јавува дека Претседателот Хосни Мубарак го напуштил главниот град. Се очекува итна изјава на Претседателството, објави државната телевизија.
Според Ал Арабија, Мубарак заминал за Шарм ел Шеик.
Илјадници демонстранти во Каиро инаку денеска ја опколија Претседателската палата и државната телевизија незадоволни што Мубарак не поднесе оставка синоќа како што се очекуваше и откако армијата соопшти дека ке го подржи неговиот план за рефоирми и транзиција на власта. Армијата вети и фер избори, но не е познато кога.
XS
SM
MD
LG