Достапни линкови

logo-print

Груевски - опозицијата измислува проблеми за да нема избори


Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, Skopje, 3Sep2010

Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, Skopje, 3Sep2010

-„Намера на опозицијата беше да најде начин и причина заради која ќе го напушти Парламентот и цело време се обидуваше со разни гестови да предизвика проблем и на крај измислија причини поради кои кажуваа официјално дека излегле од Собранието. Нивното сценарио е да не се враќаат во Собранието, да не дозволат предвремени избори, а да прават проблеми“.
Ова го изјави премиерот Никола Груевски денеска во општина Пласница, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува опозицијата да се врати во Собранието и таму да го води политичкиот дијалог.

Владата, според Груевски инаку продолжува да ги анализира проблемите на компаниите и да дава решенија и одговори што во суштина е и нејзината улога.
„Ние сме Влада која пред самото доаѓање најавуваше дека ќе биде фокусирана на економијата и остануваме на тоа“.
XS
SM
MD
LG