Достапни линкови

logo-print

Реакции за Законот за високо образование


Иницијативниот одбор на професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои пред две недели го организираа мирниот протест против измените на Законот за високо образование, денеска во соопштение го изразува незадоволството од неговото донесување по скратена постапка.
Членовите на Иницијативниот одбор сметаат дека е погазена довербата на академската заедница за фер и компетентен дијалог како предуслов за донесување закон кој навистина би овозможил почитување на уставното начело на автономијата. Нарекувајќи го тоа обид за „дисциплинирање на слободната академска мисла“, најавуваат дека ќе ја моболизираат академската заедница, користејќи ги сите легални средства и процедури во одбрана на автономијата и интегритетот и нема, како што велат, да се стеснуваат да им се обратат на сите слободномислечки граѓани во Македонија.
XS
SM
MD
LG