Достапни линкови

logo-print

На Кале се гради и се урива


Стотина лица синоќа урнале дел од објектот на скопското Кале што го гради Министерството за култура. Случајот е пријавен во полицијата од страна на чуварот кој го обезбедувал објектот при што се пожалил дека на местото дошле стотина лица кои му се заканувале и почнале со оштетување на конструкцијата на објектот. Министерството за внатрешни работи против сторителите ќе постапи соодветно, како и во други случаи, изјавил за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Според очевидци, на скопското Кале синоќа биле и функционери на ДУИ, меѓу кои министерот за здравство Бујар Османи, заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
XS
SM
MD
LG