Достапни линкови

logo-print

Американска загриженост за Македонија


Од вчерашната средба на премиерот Никола Груевски и американскиот дипломат Томас Кантримен

Од вчерашната средба на премиерот Никола Груевски и американскиот дипломат Томас Кантримен

Откако и директно му беше искажана американската загриженост за состојбите во Македонија за време на вчерашаната посета на Томас Кантримен, премиерот Никола Груевски во наредната недела во Вашингтон ќе мора да одговара на непријатни прашања. Според дел од аналитичарите, Груевски ќе добие лекција дека не може да се однесува самоизолирачки и авторитарно.

Посетата на Кантримен во Скопје само ја потврди загриженоста на Вашингтон за актуелните случувања во земјата и нејзините перспективи. Вака домашните експерти ја протолкуваа вчерашната посета на помошник државниот секретар на Соединетите Држави. Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески вели дека Соединетите Држави се загрижени поради две работи. Првата е тоа што меѓународната позиција на Македонија слабее, а втората како што посочува, е тоа што демократските
Американската политика е многу чувствителна на една вредност која тие ја промовираат низ светот, а тоа е вредноста наречена слобода. Ако тие почувствуваат дека во некоја мерка се загрозува тоа, ќе инсистираат нешто да се поправи на таа
линија.
процеси во земјава се доведени под знак прашање поради јаката доза на авторитарно владеење.

„Американската политика е многу чувствителна на една вредност која тие ја промовираат низ светот, а тоа е вредноста наречена слобода. Ако тие почувствуваат дека во некоја мерка се загрозува тоа, ќе инсистираат нешто да се поправи на таа линија, на споделени вредности со Американците и дека нешто треба да се поправи во нашиот политички систем.“

Професор Малески прогнозира дека на претстојната посета на Груевски во Вашингтон ќе се зборува за проблемот со името со Грција, за кој, како што вели, на Груевски ќе му биде пренесена пораката дека ние сме суверена држава и мора да научиме тешките одлуки сами да ги донесуваме.

Американците бараат одговорност?

„Ќе му бидат укажани овие работи веројатно со нагласка дека сепак владата и премиерот се одговорни за ситуацијата во земјата, со омилениот збор на Американците ’responsibility‘ (одговорност).“
Ќе му бидат укажани овие работи веројатно со нагласка дека сепак владата и премиерот се одговорни за ситуацијата во земјата, со омилениот збор на Американците ’responsibility‘, (одговорност).


Дека посетата на Кантримен само ја отвори вратата за нови тешки разговори кои ќе се водат меѓу премиерот Груевски и претставници на американската администрација следната недела во Соединетите Држави, укажува и универзитетскиот професор Алајдин Демири.

„Ќе му се отчита лекција на Груевски за тоа каде ја води Македонија и кои потези треба да ги влече. Не ќе може еден лидер како Груевски да се однесува така самоволно и така изолационистички врз основа на грижата што ја имаат партнерите на Република Македонија како Соединетите Држави.“

Освен со Груевски, Кантримен вчера се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Извори од Демократската унија за интеграција велат дека Ахмети и Кантримен размениле мислења околу актуелните проблеми во државата. Притоа како што велат Кантримен советувал опозицијата да се врати во парламентот, а прашањето за името што поскоро да се реши. Црвенковски пак, по средбата изјави дека со Кантримен разговарале за процесот на евро-атлантско интегрирање на земјата, застојот во тој процес, неопходноста да се деблокира и кој е начинот тоа да се случи. Меѓудругото, разговарале и за слободата на медиумите и состојбата во судството, а Црвенковски ги образложил и причините заради кои решиле да излезат од Собранието.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG