Достапни линкови

logo-print

Тутунарите од Пелагониско повторно на протести


Тутутнарите од Пелагониско денеска повторно излегоа на протести. незадоволни од слабиот интензитет на откупот и ниските цени, го блокираа патниот правец Прилеп - Градско кај Плетвар.
Штрајкувачкиот одбор смета дека досега ништо не е исполнето од договорот со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Просечната цена е 130 денари, а откупени се околу 50 отсто од реколтата.
Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители не го поддржува денешниот протест на тутунарите од Пелагониско и порачува дека секој проблем треба да се решава институционално.
XS
SM
MD
LG