Достапни линкови

Пратеници на власта и опозицијата се степаа во Албанскиот Парлемент


Од неодамнешните демонстрации во Тирана

Од неодамнешните демонстрации во Тирана

Во тензична атмосфера, која кулминираше со размена на тупаници меѓу пратениците, синоќа се одржа првата седница на албанскиот Парламент, по опозициските протести од 21 јануари, јави МИА од Тирана.
До инцидентот дојде кога спикерот на Парламентот Јозефина Топали одби да им даде збор на неколкумина опозициските пратеници, кои сакаа да реплицираат на обраќањето на координаторот на пратеничката група на владејачката Демократска партија Астрит Патози. До тепачка дошло меѓу
демократот Еди Палока и социјалистите Паулин Стеркај и Армандо Пренга. По тепачката пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската сала.
XS
SM
MD
LG