Достапни линкови

Акција против шверц со цигари на романско - српската граница


Вкупно 91 лице - полицајци и цариници од гранични пунктови на романско-српската граница се приведени поради учество во организирана криминална група и земање мито.
Премиерот Емил Бок наведе дека корупцијата на цариниците е 20-годишен механизам кој само неговата влада имала смелост да го разбие.
Весникот Романија либера објавува дека секој ден во Романија влегува по еден камион со шверцувани цигари, а се открива само еден месечно.
Апсењата се впечатливи како број на приведени лица, но се незначителни од гледна точка на шверцот, посочува весникот.
Недостигот од ефикасност на властите кои пронаоѓаат само 30 отсто од шверцувана стока, е причина за загуби во буџетот од една милијарда евра годишно, тврди весникот.
XS
SM
MD
LG