Достапни линкови

Експлозии на железнички линии во Пакистан


Војник патролира во областа Дир

Војник патролира во областа Дир

При експлозии на бомби се уништени неколку железнички линии во Пакистан, соопштија тамошните власти. Тие велат дека мали експлозивни направи ја уништиле железницата на 4 локации во јужната провинција Синд. При експлозиите нема жртви. Властите се соменваат дека зад нападот стојат исламските милитанти.
Во меѓувреме, пакистанските војници убија 11 милитанти во северозападниот регион Дир, откако армијата започна операција против упориштата на милитантите.
XS
SM
MD
LG