Достапни линкови

САД:Балканот останува проблематичен регион


Многу проблеми на Балканот претставуваат извор на тензии и бараат вклучување на западните дипломати и безбедносни служби, стои во писмениот извештај на директорот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер, поднесен до Комисија на Претставничкиот дом на САД. Клапер оценува дека а нерешените проблеми во врска со Косово, вклучувајќи ја и иднината на северните делови претежно населени со Срби, остануваат предизвик за стабилноста во Европа. Клапер во извештајот истакнува дека реториката на Србите во Република Српска ќе продолжи да ги разгорува страстите во регионот.
XS
SM
MD
LG