Достапни линкови

Рекации по говорот на Хосни Мубарак


Хосни Мубарак

Хосни Мубарак

Од целиот цвет доаѓат рекации по објавата на Хосни Мубарак дека не се повлекува од власт и дека некои од неговите овластувања ќе му ги препише на заменик претседателт Омар Сулејман. Нобеловецот Мохамед ел Барадеј, предвидува дека "Египет ќе експлодира", и повика армијата да ја спаси земјата. Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама рече дека египетската Владата допрва треба да се престави како веродостојна, цврста и недвосмислено да застане на патот кон демократија. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг изјави дека Велика Британија внимателно проучува што рекле Мубарак и Сулејман. Францускиот претседателот Никола Саркози изјави дека се надева оти Египет ќе се движи кон
демократија, а не кон друга форма на диктатура. Комесарот за надворешни работи на ЕУ
, Кетрин Ештон рече дека сега е време за промена на владата на Египет.
XS
SM
MD
LG