Достапни линкови

Кантримен се сретна со Црвенковски и Ахмети


Кантримен на средбата со Груевски

Кантримен на средбата со Груевски

Помошник државниот секретар на Соединетите американски држави Томас Кантримен, посетата на земјата ја искористи за утврдување на агендата за официјалната посета на премиерот Никола Груевски во Вашингтон следната недела. Американскиот дипломат по средбата со Груевски, се сретна и со лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети. По средбата, лидерот на ДУИ изјави дека го запознал Кантримен со ставовите на партијата во однос на бојкотот на опозицијата на Собранието. Според мислењето на ДУИ местото на опозицијата е во Собранието и таму треба да се разгледаат сите прашања, изјави Ахмети. Црвенковски пак по средбата изјави дека со Кантримен разговарале за процесот на евро-атлантско интегрирање на земјата, застојот во тој процес, неопходноста да се деблокира и кој е начинот тоа да се случи. На средбата со Кантримен, Црвенковски ги образложил и причините заради кои решиле да излезат од Собранието. Тие разговарале и за слободата на медиумите и состојбата во судството.
XS
SM
MD
LG