Достапни линкови

Кралот на Саудиска Арабија е жив и здрав


Кралот на Саудиска Арабија, Абдула

Кралот на Саудиска Арабија, Абдула

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија денеска соопшти дека кралот Абдула бин Абдул Азиз е жив и во извонредна форма, по шпекулациите дека здравјето на кралот се влошило по скокот на цените на нафтата.
Абдула кој има 87 години од јануари се одмара во Мароко, по двомесечниот престој во САД, каде два пати беше на операција, поради згрутчување на крвта.
Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама вчера разговарал со Абдула за ситуацијата во Египет.
XS
SM
MD
LG