Достапни линкови

Зголемен бројот на невработени лица во Грција


Атина

Атина

Грчкиот институт за статистика денеска соопшти дека невработеноста во земјата во ноември минатата година изнесувала 13,9 насто, за разлика од истиот месец во претходната година, кога таа била 10,6 насто. Според институтот влошувањето на состојбата на пазарот на трудот бележи зголемување три години по ред од почетокот на рецесијата. Во Грција во ноември имало 692 577 невработени лица.
XS
SM
MD
LG