Достапни линкови

Иранскиот опозициски лидер Каруби во домашен притвор


Иранскиот опозициски лидер Махди Каруби

Иранскиот опозициски лидер Махди Каруби

На веб страната на иранскиот опозициски лидер Махди Каруби е соопштено дека тој е ставен во домашен притвор, поради неговиот повик на протести за подршка на анти-владините демонстрации во Египет. Според шахамњуз.орг безбедносните сили се стационирани пред влезот на куќата на Каруби во Техеран и притоа не им дозволувале на роднините да го посетат. Каруби заедно со опозицискиот лидер Мир Хосеин Моусави побараа дозвола од иранските власти да одржат протести на 14 февруари. Властите го одбија барањето, бидејќи планираниот протест бил политички мотивиран.
XS
SM
MD
LG