Достапни линкови

Во Придњестровие осуден Молдавец за шпионажа


Родителите на Казак пред руската амбасада по неговото апсење

Родителите на Казак пред руската амбасада по неговото апсење

Судот на отцепениот молдавски дел Придњестровие осуди еден маж на 14 години затвор за шпионажа. Дваесет и пет годишниот даночен инспектор Лие Казак од градот Бендер бил уапсен во март минатата година и обвинет за велепредавство и шпионажа во корист на Молдавија.
Владата на Молдавија соопшти вчера дека одлуката на судот е нелегална и ги нарушува човековите права.
Родителите на Казак и некои активисти за човекови права денеска пред мисијата на ОБСЕ во Кишињев побараа организацијата да се заложи за негово ослободување.
XS
SM
MD
LG