Достапни линкови

Ништо ново од средбата со Нимиц


Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц

Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц

Ништо ново од средбата со Нимиц. Продолжува притисокот за решение на спорот за името. Во оваа насока експертите ја гледаат и посетата на Груевски на Вашингтон.

Следна средба меѓу посредникот на ОН Метју Нимиц и преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис ќе биде закажана по меѓусебните усогласувања, но датум не е прецизиран.
Македонскиот преговарач Јолевски, за разговорот со Нимиц, најпрвин ќе ги информира претседателот Иванов и премиерот Груевски, а дури потоа ќе излезе со информации во јавноста.
Јас мислам дека оваа посетата на Вашингтон е ,,сламка за спас" за конечно да се реши проблемот со името, што според сите индикации е главен избор на сите проблеми во државата.

Посредникот Нимиц не излегол со нов предлог за името. Тој побарал од двете страни да продолжат да размислуваат за решение, да ги преразгледаат позициите, да преземат чекори во правец на градење меѓусебна доверба и да се воздржат од чекори кои предизвикуваат конфузија и недоразбирање.

Нашите соговорници ја поврзуваат претстојната посета на премиерот Никола Груевски на Вашингтон токму со спорот за името, иако во последно време на површина излегоа други проблеми.

Медијаторот Метју Нимиц при посетата на Скопје во февруари 2010 година

Професор Мерсел Биљали вели дека дека најавените средби на премиерот Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден и со државната секретарка Хилари Клинтон се последна шанса Македонија да најде решение за спорот за името. Потоа меѓународната заедница ќе „дигне раце од
Во дадениот момент не може да се очекува брз напредок кој не би бил на наша крајна штета и неприфатлива штета. Според тоа треба да се построиме и да работиме на една подолгорочна основа, да подготвиме нова стратегија, наши нови погледи во проблемот за да зајакне нашата позиција.
земјава“, вели Биљали.

„Јас мислам дека оваа посетата на Вашингтон е ’сламка за спас‘ за конечно да се реши проблемот со името, што според сите индикации е главен извор на сите проблеми во државата.’

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека не е изненаден што посредникот Метју Нимиц не излегол со нов предлог. Посетата на Груевски на Вашингтон, тој ја толкува како притисок врз Македонија да попушти во спорот.

„Во дадениот момент не може да се очекува брз напредок кој не би бил на наша крајна штета и неприфатлива штета. Според тоа треба да се построиме и да работиме на една подолгорочна основа, да подготвиме нова стратегија, наши нови погледи на проблемот, за да зајакне нашата позиција.“

На крајот на наредниот месец ќе се одржи јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужбата на Македонија против Грција за кршење на Привремената спогодба, со тоа што го попречи македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт.
Дел од аналитичарите очекуваат токму тоа да му даде нова динамика на решавањето на спорот за името, под претпоставка дека Македонија и Грција сакаат да го решат спорот, пред Судот да ја донесе конечната одлука.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG