Достапни линкови

Зошто се брза со Законот за високо образование?


Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

И покрај бројните забелешки од универзитетските професори, владата го достави во Собранието законот за високо образование. Зошто толку брзање? Доста било јавна расправа, а дел од забелешките на професорите биле прифатени, порача министерот Никола Тодоров.

Речиси ниту една од забелешките кои ги имаа професорите за Законот за високо образование не се прифатени, вели професор Ферид Мухиќ. Законот за високо образование вчера се најде пред пратениците, а ресорниот министер Никола Тодоров рече дека за Законот доволно се дебатирало и сите забелешки на професорите биле вклучени во измените. Професор Мухиќ вели дека сега на професорите им остануваат законски да се обратат до Уставен суд или да инсистираат за законот да се расправа во Собрание, но во полн состав. А, тука не се исклучува и можноста од продолжување на
Од неодамнешниот протест на универзитетските професори
протести, бојкот на настава, но, последното е малку возможно, вели професор Мухиќ:

„Во принцип е можно, но со оглед на конкретната ситуација малку е можно, меѓудругото и затоа што постои едно големо недоразбирање меѓу самите професори. Оние кои што се вредни, работат, всушност потполно погрешно се конфронтираат со оние кои не се толку вредни и постојано посочуваат кон нив `не се од наш ранг, а имаат исти права` итн, меѓутоа тоа не е нешто што треба да го реши некој надвор од Универзитетот.“

Повторно во игра е и предлог измената за надворешното оценување на професорите. Професор Мухиќ вели дека треба да има оценување на професорите, но не надворешно, туку тоа да го прават универзитетските кадри.

Дел од членовите на Комисијата за образование имаа забелешки на Законот и побараа измените да се повлечат на доработка, но сепак пратениците од владејачката партија го изгласаа законот на Комисија.

Пратеничката од ЛДП Роза Топузова Каревска рече дека законот не може да се поправи со 3-4 амандмани, а забелешки имаше и Лилјана Поповска од ДОМ, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Поповска е изненадена што законот влезе во процедура без да се доработи со универзитетите. Комисијата ги
Ние имавме еднаш искуство со брзо донесување на закони по скратена постапка кога опозицијата не беше во парламентот, стануваше збор за преку 100-тина закони за кои подоцна се покажа дека се со слаб квалитет и најголем дел од нив паднаа на Уставен суд. Тогаш претседателот на собранието Трајко Вељановски беше принуден да се извинува на амбасадорите заради таквата постапка.
разгледуваше измените без присуство на пратениците на опозицијата кои го бојкотираат Парламентот.
Славица Грковска од СДСМ вели дека власта не ја научила лекцијата од брзо носење на закони.

„Ние имавме еднаш искуство со брзо донесување на закони по скратена постапка кога опозицијата не беше во парламентот, стануваше збор за преку 100-тина закони за кои подоцна се покажа дека се со слаб квалитет и најголем дел од нив паднаа на Уставен суд. Тогаш претседателот на собранието Трајко Вељаноски беше принуден да им се извинува на амбасадорите заради таквата постапка.“

Пратеникот Сулејман Рушити од НД кој е и поранешен министер за образование, се прашува зошто се брзало да се донесат измени кои ќе стапат на сила за 2-3 години.

„Ова е само за да се докаже ставот на владата која за инает на сите други носи одлука која во секој случај сметам дека е погрешна.“

Останува да се види како законот ќе помине на пленарна седница. Законот за високо образование беше донесен во 2008-та а ова е негова шеста измена по ред.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG