Достапни линкови

Кантримен во Скопје


Томас Кантримен, американски помошник државен секретар

Томас Кантримен, американски помошник државен секретар

Парламентарната криза, името, медиумите, судството... се очекува да бидат темите за кои американскиот помошник државен секретар Томас Кантримен ќе разговара со македонските власти.

Повеќе прашања за билатералните односи, актуелни теми како што се независноста на судството, слободата на медиумите, состојбата во парламентот и политичкиот дијалог. Овие се темите за кои ќе дискутираат претставници на државниот врв и американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа, Томас Кантримен. Според информациите, на средбите ќе стане збор и за евро-атлантските интеграции и учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан, но и за други глобални прашања. Предвидено е Кантримен да се сретне со премиерот Никола Груевски, пред неговата посета на Вашингтон, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Како што
Политичката криза во Македонија, второ спорот за името и трето Калед Ел Масри. Од наша гледна точка нормално дека најинтересни теми се оние коишто нас не засегаат, но од американска страна пак можеби се обратни приоритетитe.
неодамна изјави американскиот амбасадор Филип Рикер, посетата не е одговор на настаните во Македонија, туку дел од редовната работа на Кантримен во рамките на балканската турнеја.

Домашните експерти пак, се сомневаат дека се работи за редовна дипломатска посета. Мотивацијата на оваа, како и на претстојната посета на премиерот Груевски во Соединетите Држави не мора да биде поврзана со актуелните случувања, вели политичкиот аналитичар Здравко Савевски, но додава дека истите не се исклучени.

Кантримен во претходница. Хилари Клинтон го очекува Груевски во Вашингтон

„Три цели: политичката криза во Македонија, второ - спорот за името и трето - Калед Ел Масри. Од наша гледна точка нормално дека најинтересни теми се оние коишто нас не засегаат, но од американска страна пак можеби се обратни приоритетите.“

Професорот Хасан Јашари пак, вели дека Кантримен доаѓа за да го предупреди државниот врв дека евроатланските процеси не се одвиваат во
Премиерот Груевски не е склон кон отстапки, значи некој тврд став во однос на името, во однос на евроатлантските интеграции, меѓутоа веќе се пали црвеното светло, времето веќе не работи за нив.
вистинската насока.

„Господинот не доаѓа заради некоја куртоазна посета, мотивацијата мислам дека е заради тоа што работите не одат како што треба и дека процесот, на преговорите со Грција тапкаат во место“, изјави Јашари.

Тој меѓудругото се сомнева дека советите на високи државни претставници на американската администрација ќе бидат послушани од македонската страна.

„Премиерот Груевски не е склон кон отстапки, значи некој тврд став во однос на името, во однос на евроатлантските интеграции, меѓутоа веќе се пали црвеното светло, времето веќе не работи за нив.“

Кантримен беше во Скопје пред неполни четири месеци. По тогашната средба со Груевски само кратко изјави дека разговарале за стратешките односи меѓу Македонија и Соединетите Држави. Претходно Кантримен изјави дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во блиска иднина Македонија да го надмине спорот со името, со што би се создале услови за членство во НАТО.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG