Достапни линкови

Обама и саудискиот крал зборувале за Египет


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама разговарал со саудискиот крал Абдула за политичката ситуација во Египет. Белата Куќа прецизира дека Обама ја реафирмирал американската долгорочна заложба за мир и безбедност во регионот. Во меѓувреме, демонстрантите кои бараат оставка на претседателот Хосни Мубарак ја блокирале парламентарната зграда во Каиро, а има извештаи за насилства во други делови на Египет. Шефот на египетската дипломатија Ахмед Абул Гајт изрази вчудовиденост од барањето на американскиот потпретседател Џо Бајден за укинување на законот за вонредни ситуации што, како што изјави, Мубарак го користел за справување со опозицијата.
XS
SM
MD
LG