Достапни линкови

Томас Кантримен денеска во Македонија


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Томас Кантримен, заменик - помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа, денеска се очекува да допатува во Скопје, како дел од неговите редовни активности. Предвидено е тој да се сретне со премиерот Никола Груевски, а ќе има средби и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, но и актуелни прашања, како независноста на судството, слободата на медиумите, состојбата во Парламентот и политичкиот дијалог. Ќе стане збор и за евроатлантските интеграции и учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Кантримен вчера беше во Албанија, каде што имаше разговори со албанскиот претседател Бамир Топи. Кантримен истакнал дека трагедијата што се случи на 21 јануари треба да ја расветлат правосудните органи, а политичката криза да се реши со дијалог.
XS
SM
MD
LG