Достапни линкови

САД: забрзување на трансферот на власта во Египет


САД треба го зголемуваат притисокот врз Египет со цел забрзување на политичките промени во таа земја. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека Вашингтон чека конкретни чекори за забрзување на трансферот на власта на 82-годишниот Хосни Мубарак. Претседателот на САД Барак Обама оваа порака претходно телефонски му ја пренесол и на саудискиот крал Абдулах. Обама нагласил дека се потребни итни чекори кон транзиција. И покрај ова и двонеделните протести, Мубарак одбива да си замине од функцијата.
XS
SM
MD
LG